ОД ЕСЕНВА ВО СОЛУН ЌЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ ВОЗИТЕ СО МЕТРО Кога ќе се пушти подземната железница во употреба?
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, говореше на презентацијата на Националната стратегија за регионален развој, тој рече дека Солун се менува и тоа со многу брзо темпо.
Солунското метро ќе биде пуштено во употреба за 3 месеци, односно на 30 ноември годинава, како што од Солун соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис говореше на презентацијата на Националната стратегија за регионален развој, тој рече дека Солун се менува и тоа со многу брзо темпо.
– Ниедна Влада нема реализирано повеќе проекти за Солун од оваа Влада – рече тој.
Грчкиот премиер паралелно го најави датумот кога метрото ќе почне со работа.
– По многу свечени отворања, кои во реалноста не беа свечени отворања, по церади, презентации и оспорувања, со задоволство можам да ви соопштам дека солунското метро ќе биде пуштено во употреба, не свечено отворено, туку испорачано за граѓаните на 30 ноември 2024 година. За 95 дена отсега. Што значи дека часовникот одбројува – рече Мицотакис.
Во однос на изградбата на обиколницата во Солун, односно Флајовер (Flyover), Мицотакис истакна дека целта е да се заврши на пролет во 2027 година, односно непосредно пред парламентарните избори.