„ТОЈ Е БРИЛИЈАНТЕН“ Трамп потврди дека би му дал позиција на Илон Маск во својот кабинет доколку победи

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, посочи и дека е подготвен да укине даночниот кредит од 7.500 долари за Американците кои купуваат електрично возило.

546

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека доколку победи на изворите во ноември ќе разгледа потенцијална позиција за извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск во неговиот кабинет.

– Тој е многу паметен човек. Јас секако би му дал позиција ако тој го сака тоа. Тој е брилијантен човек – истакна Трамп.






Тој посочи и дека е подготвен да укине даночниот кредит од 7.500 долари за Американците кои купуваат електрично возило.

Администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден, исто така, се обиде да го зголеми производството и купувањето на електрични автомобили како дел од нејзините напори за справување со климатските промени.

Поврзани содржини