ПОЕТОТ САШО ДИМОСКИ Е НОСИТЕЛ НА НАГРАДАТА „АНТЕВО ПЕРО“ ЗА 2024 ГОДИНА Доделени се и наградите „Антев златник“ и „Антев часовник“
Наградата „Антев зчатник“ ја добија: Ирена Бабамова Стојчева за збирката „Сивка: Геометрија на болката“, Тони Попов за збирката „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ и Пепи Стамков за збирката „Собрани остатоци од светот“.
Наградата „Антево Перо“ за 2024 година да ѝ припадне на стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски, соопшти манифестацијата Антево перо.
Како што е соопштено, на конкурсот за наградата пристигнале 75 стихозбирки, со најразлична трендовска и жанровска разноликост, а Комисијата од нив во потесен избор избра седум: „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ на Тони Попов, „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков, „Сивка: геометрија на болката“ на Ирена Бабамова Стојчева, „Музеј на заборавот“ на Сашо Димоски „Царски рез на небото“ на Даниела Андоновска Трајковска, книгата „Анатомија на скриена болка“ доставена под шифрата Суштина и поетскиот ракопис „Каде што се раѓаат сенките“ на Агрон Усеини.
„Поезијата на Сашо Димовски покрај тоа што е слика преоблечена во различни стилови и во нив преовладуваат тонови од целиот спектар на бои, таа има и звуковен карактер чиј интензитет се огледува во одличната употреба на парадоксот, оксиморонот, сложените метафори, но и фигурите кои припаѓаат на звучниот код. Со помош на зборовите, Димоски ни презентира визуелност во која гледаме како машкиот и женскиот принцип, темнината и светлината, вистината и заборавот страсно танцуваат танго. Тоа танго некогаш е во духот на аргентинската милонга во која слободата на движењата, незадолжителноста на формата и опуштеноста на рацете и нозете преоѓа во танцовен чекор со различен ритам и брзина правејќи тоа да биде milonga de amor и да има длабоко треперење при самото танцување. Понекогаш танцот е во духот на либертангото кое ги руши стереотипите и пред нас става нешто ново без притоа да ги заборави традиционалните вредности што од нас ги бара татковината, погледот на мајката или исконскиот оган во домашното огниште“, се наведува во образложението за годинашниот добитник на наградата.
Комисијата годинава за прв пат, додели три награди „Антев златник“ . Претходно се доделуваа по две награди.
Наградата ја добија: Ирена Бабамова Стојчева за збирката „Сивка: Геометрија на болката“, Тони Попов за збирката „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ и Пепи Стамков за збирката „Собрани остатоци од светот“.
Во конкуренција од пет стихозбирки кои влегоа во потесен избор за наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик, наградата ја добија двајца млади поети: Нино Наумовски за неговата збирка „Индиго солзи“ и на Стефан Спасовски за збирката „Ќумур смоквин млеч“.
Жири-комисија за доделување на наградите ја сочинуваа: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови),