ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МИЛА РЕЉИЌ Македонката ја елиминираше двојната олимписка шампионка
Со оваа победа Рељиќ си обезбеди пласман во четвртфиналето против Либанката Лаетитина Аоун која претходно со 2:0 ја совлада Ло Чиа-линг од Тајпеј.
Македонската олимпијка во таеквондо Милјана Рељиќ направи големо изненадување елинимирајќи ја во првото коло двојната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.
Иако Џонс беше фаворитка во оваа борба, Рељиќ успеа да ја победи со 2:1. Македонската поведе во првата рунда со 7:6, во втората рунда израмни Британката со 5:4. Во третата одлучувачка рунда беше изедначено 1:1 до последната секунда, но на крајот на победата се радуваше нашата натпреварувачка.
Со оваа победа Рељиќ си обезбеди пласман во четвртфиналето против Либанката Лаетитина Аоун која претходно со 2:0 ја совлада Ло Чиа-линг од Тајпеј.
Според програмата дуелот на Рељиќ – Аоун би требало да биде од 15:45 минути по македонско време, а од МРТВ најавија директно вклучување и следење на борбата.