Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред сè, историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес.
Тие го дадоа најскапото за нашата иднина. Нивната храброст, нивната непокорливост и нивната жртва се неповратно вткаени во нашиот колективен македонски идентитет. Борбата за слобода, правда и за подобра иднина бара истрајност, храброст и единство. Нека е вечен споменот за Илинден!, објави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.