ДЕЛ ОД ПАТОТ ПРИЛЕП-КРУШЕВО ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ Известување за граѓаните кои за Илинден ќе одат во Крушево
На 1 и 2 август треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево - информираа од МВР.
Поради изведување на градежни работи, дел од патот на делницата Прилеп- Крушево е затворен за сообраќај. Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2 Август, кој традиционално се одбележува во Крушево испрати важно до граѓаните со насоки закористење на другите патни правци.
„Поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, за доаѓање на манифестација во Крушево на ден 01 и 02.08.2024 година треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево“ – информираа од МВР.