ДОЕЊЕТО ГО НОРМАЛИЗИРА ХОЛЕСТЕРОЛОТ Еве зошто секоја мајка треба да дои најмалку шест месеци
Дека доењето не е добро само за детето, туку и за мајката, потврди и новото истражување кое утврди дека постои силна врска помеѓу доењето и здравјето на срцето кај жените
Општо познато е дека доењето е здраво и за детето и за мајката, што е потврдено со многу истражувања.
Една неодамнешна студија спроведена од Американскиот колеџ за кардиологија покажа дека жените кои ги дојат своите деца најмалку шест месеци имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести.
Сепак, придобивките од доењето биле видливи само кај мајките кои имале нормален крвен притисок за време на бременоста, додека не биле забележани значителни подобрувања кај оние со покачен крвен притисок.
Ова е прва студија која го разгледува влијанието на доењето врз здравјето на срцето неколку години по раѓањето на детето.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.