СЕ СУДРИЈА МОПЕД И ТАКСИ ВОЗИЛО Повредени се момчето кое го возело мопедот и малолетната сопатничка
Несреќата се случила вчера на улица Цветан Димов во Скопје .
Млад мотоциклист и неговата малолетна сопатничка се повредени откако со мопед се судриле со такси возило во Скопје.
Несреќата според соопштението од полицијата, се случила вчера на улица Цветан Димов во Скопје .
„Сообраќајна несреќа се случила помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки (такси возило) управувано од Ќ.М.(57) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.М.(21), двајцата од Скопје. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а неговата малолетна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски„, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.