📽 КАРДИ БИ НОСИ ОГРОМНА ЧАНТА ОД 11.000 ЕВРА „Изгледа како циркус“, пишуваат луѓето
Американската раперка Карди Би беше фотографирана во текот на посетата на Дизниленд во Париз со нејзиниот сопруг Офсет и нивните деца - шестгодишната ќерка Култур и двегодишниот син Вејв.
Американската раперка Карди Би беше фотографирана во текот на посетата на Дизниленд во Париз со нејзиниот сопруг Офсет и нивните деца – шестгодишната ќерка Култур и двегодишниот син Вејв.
Триесет и една годишната раперка го привлече вниманието на папараците и минувачите со огромната чанта со потпис на „Шанел“ која чини повеќе од 12.000 долари (11.000 евра). Карди носеше и долг цветен фустан и црни балетанки.
Нејзините фотографии и видеа од Дизниленд набрзо се проширија на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека ваквата чанта не и прилега на нејзиниот аутфит, генерално и на самата раперка додека шета низ Дизниленд.
„Елеганцијата не се купува со пари“, „Изгледа како циркус“, напишаа некои.
View this post on Instagram