📷 ОСАМНАА ФОТОГРАФИИ ОД ЛУКСУЗНАТА ВИЛА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И БЕН АФЛЕК Палатата има дури 24 бањи, а за неа платиле 60 милиони долари

Имотот купен минатата година за 60,8 милиони долари наскоро би можел да добие нови сопственици.

1,118

Луксузната вила која Џенифер Лопез и Бен Афлек ја купија пролетта минатата година се наоѓа во Беверли Хилс, а нејзиниот изглед го одзема здивот.

Имотот на кој се наоѓа се простира на 5,2 хектари, а грандиозната зграда во и околу неа содржи затворен спортски комплекс за кошарка и тенис, теретана, боксерски ринг, потоа голем „инфинити“ базен, гаража за 12 автомобили, помошна зграда и куќа за домар и чувар со две спални соби.






Луксузната вила има 12 спални соби и дури 24 бањи, но како што сега стојат работите, имотот купен минатата година за 60,8 милиони долари наскоро би можел да најде нови сопственици. Бен Афлек и Џенифер Лопез веќе продадоа и дел од работите во вилата.

 


Имено, оваа вила е „преголема“ за латино дивата да живее сама во неа, додека познатиот актер е предалеку од своите деца, па веќе подолго време живее во стан под кирија за да биде поблиску до нив. Веќе подолго време се шпекулира разводот на Афлек и Џеј Ло, а продажбата на вилата е само уште еден значаен показател дека нивниот брак полека завршува.

Извор близок до парот изјави за „Пејџ сикс“ дека нивната врска е „завршена со месеци“, дека уште од март не се заедно, но дека Афлек молчел за тоа бидејќи е „многу заштитнички настроен кон Џенифер“. Освен тоа, многумина забележаа дека латино дивата во последно време многу ослабе, а причина за тоа е стресот поради брачната криза низ која поминува.

Од друга страна, Бен деновиве беше виден во друштво на двете ќерки Серафин и Вајолет на улиците на Лос Анџелес, а многумина се согласија дека славниот актер одамна не сме го виделе вака насмеан и среќен.

И покрај сè, на најновите фотографии може да се види дека и Џеј Ло и Бен Афлек сè уште ги носат венчалните бурми.

Поврзани содржини