РОНАЛДО ЌЕ ГРАДИ ЗАМОК НА ОСТРОВОТ „МОРСКО КОЊЧЕ“ Земјиштето го купил за 25 милиони евра

347

Кристијано Роналдо купил земјиште на остров во Дубаи за 25 милиони евра.

Португалскиот напаѓач заедно со партнерката Георгина Родригез станаа сопственици на дел од „Џумеира Беј“ во Дубаи. Ова е вештачки остров во форма на морско коњче, поврзан со Дубаи со мост од 300 метри.






Парот планира таму да изгради замок за себе и за своите пет деца. Работата треба да заврши до крајот на годинава.

Сега 39-годишниот напаѓач на Ал-Наср, Роналдо игра за Португалија на Евро 2024 година.

Поврзани содржини