ПАПАТА ФРАНЦИСК БАРА СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА НЕ ГО ТУПАТ СО ПРОПОВЕДИТЕ „Луѓето ќе заспијат ако зборувате повеќе од 8 минути“

Проповедта не треба да трае повеќе од 8 минути бидејќи по тоа време луѓето го губат вниманието и заспиваат, рече папата Франциск.

297

Свештениците не треба да говорат повеќе од 8 минути за членовите на конгрегацијата да не задремат, рече денеска папата Франциск.

– Проповедта, односно пораката која се произнесува од свештеникот за време на богослужбата, мора да биде кратка – слика, мисла, чувство. Таа не треба да трае повеќе од 8 минути бидејќи по тоа време луѓето го губат вниманието и заспиваат. Понекогаш свештениците зборуваат многу и човек не може да разбере што зборуваат – порача папата на денешната аудиенција.






Проповедта во римокатоличката црковна служба следи по читање делови од Библијата и се користи за зајакнување на црковното учење.

Поврзани содржини