БОЧВАРСКИ СТАНУВА ПРАТЕНИК Беким Реџепи привремено ќе раководи со Министерството за транспорт
Како што информира оттаму, по верификацијата на пратеничкиот мандат досегашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, се повлекува од функцијата.
Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи ќе раководи со Министерството за транспорт и ќе ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството до изборот на новата влада, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Како што информира оттаму, на досегашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски му е верификуван мандатот за пратеник, па согласно законот, неговата функција ќе ја извршува неговиот заменик.