ОВА НЕ Е НУКЛЕАРЕН БЛЕФ Украина и НАТО да се подготват за разорен одговор, се закани Медведев

Поранешнот руски претседател и премиер порача дека Москва претпоставува дека целото оружје со долг дострел дадено на Украина е веќе директно контролирано од воениот персонал на земјите од НАТО.

1,263

Земјите на НАТО кои одобрија нивното оружје да се користи на руска територија треба да бидат свесни дека нивната опрема и експерти ќе бидат уништени не само во Украина, туку и на секое место од каде што е нападната руска територија, предупреди денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

– И ова, за жал, не е заплашување или нуклеарен блеф – посочи Медведев.






На својот канал Телеграм тој изјави дека Украина и нејзините сојузници ќе добијат „погубен одговор“ на потенцијалната употреба на западно оружје со долг дострел за напад на руска територија.

– Украина и нејзините сојузници од Алијансата ќе добијат одговор со таква разорна сила што НАТО едноставно нема да може да одолее да биде вовлечен во конфликтот – посочи Медведев.

Поранешнот руски претседател и премиер порача дека Москва претпоставува дека целото оружје со долг дострел дадено на Украина е веќе директно контролирано од воениот персонал на земјите од НАТО.

– Тоа воопшто не е воена помош, туку учество во војната против нас – рече Медведев.

Затоа, порача тој, НАТО ќе мора законски да го квалификува уништувањето на својата опрема, објекти и војници во случај на „можни одмазднички напади… во контекст на членовите 4 и 5 од Вашингтонскиот договор“.

Медведев изјави дека сегашниот воен конфликт со Западот се развива според најлошото можно сценарио и дека има постојана ескалација кога се работи за моќта на применливото оружје на НАТО и затоа никој не може да ја исклучи можноста за влез во финалната фаза. на конфликтот со Западот.

Поврзани содржини