📷 ИЗРАЕЛ УДРИЛ НА РАФАХ СО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ Експерти за експлозив иденификуваа бомби ГБУ-39

ГБУ-39 е бомба произведена од Боинг и е муниција со висока прецизност „дизајнирана да напаѓа стратешки цели“ и да резултира со мала колатерална штета

236

Во смртоносниот израелски напад на кампот за раселените Палестинци во Рафах е употребено оружје од американско производство, се наведува во анализата на Си-Ен-Ен и експерти за експлозиви на видео снимки од тоа место.

Најмалку 45 лица, главно жени, деца и постари лица, загинаа, а повеќе од 200 се повредени кога избувна пожар по израелски напад во неделата во најјужниот град на Појасот Газа, според Министерството за здравство на Газа и палестинската служба за брза помош.







Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дел од бомба со мал дијаметар ГБУ-39, потврдија за Си-Ен-Ен четворица експерти за експлозиви кои го прегледаа видеото.

– ГБУ-39 е бомба произведена од Боинг и е муниција со висока прецизност „дизајнирана да напаѓа стратешки цели“ и да резултира со мала колатерална штета – вели експертот Крис Коб-Смит.

Сепак, тој додаде дека употребата на каква било муниција, дури и со таа големина, секогаш претставува ризик во густо населена област.

Тревор Бол, поранешен член на тимот за деминирање, исто така го идентификуваше фрагментот ГБУ-39 на видеото.

Поврзани содржини