МАКРОН ПРАЌА ВОЕНИ ИНСТРУКТОРИ ВО УКРАИНА Врховниот командант на украинската војска објави дека го потпишал дговорот

Киев побарал помош од САД и НАТО за обука на 150.000 војници поблиску до линиите на фронтот.

462

Франција планира да испрати воени инструктори во Украина за обука на војници под команда на Киев.

Ова го соопшти генерал-полковник Олександр Сирски, врховен командант на украинската армија, по средбата со видео врска што ја имаше вчера со Себастиен Лекорну, францускиот министер за одбрана.






Во објава на Телеграм, Сирски изјави дека веќе ги потпишал документите.

– Тоа ќе им овозможи на првите француски инструктори наскоро да ги посетат нашите центри за обука и да се запознаат со инфраструктурата и персоналот. Верувам дека решителноста на Франција ќе ги поттикне и другите партнери да се приклучат на овој амбициозен проект – изјави украинскиот генерал.

„Киев Индипендент“ наведува дека најавата на Сирски уследила по информациите дека некои земји-членки на НАТО ја разгледуваат можноста да испратат воени инструктори и експерти во Украина за да обучуваат тамошни војници и да помогнат во поправката на воената опрема.

„Њујорк тајмс“ објави дека Киев побарал помош од САД и НАТО за обука на 150.000 војници поблиску до линиите на фронтот.

 

Поврзани содржини