„АНГЕЛИ“ МУ СЕ ЈАВУВАЛЕ ПО ТЕЛЕФОН, „ВРАБОТИ Ѝ ГО СЕМЕЈСТВОТО“ Гатачка измами француски градоначалник
Гатачката Софија Мартинес се соочува со обвиненија за проневера на францускиот градоначалник, додека, пак, тој самиот е обвинет за корупција бидјеќи трошел на неа раскошни суми пари на даночните обврзници.
Француското гратче Агде се опоравува од скандал, а станува збор за локална гатачка и за градоначалникот на градот, Жил д’Еторе, поранешен офицер на тајната служба и полицаец, објави Би-Би-Си.
И двајцата сега се во затвор додека се под судска истрага. Гатачката Софија Мартинес се соочува со обвиненија за проневера на градоначалникот, додека, пак, тој самиот е обвинет за корупција бидјеќи трошел на неа раскошни суми пари на даночните обврзници.
Мартинес има репутација дека може да зборува со мртвите. Кога градоначалникот побарал од неа да го стави во контакт со неговиот починат татко, таа наводно успеала. Додека изведувала сеанси, нејзиниот глас наеднаш се менувал и го добил тонот на таткото на градоначалникот.
Во изминатите 4 години се тврди дека таа лично и телефонски манипулирала со градоначалникот со извонредни вентрилокистички вештини. Тој добил илјадници мистериозни повици од „гласови“ на мртвите, вклучително и „ангели“, некои од нив го повикувале градоначалникот да ѝ помогне на гатачката. И тука доаѓа корупцијата.
Се тврди дека градоначалникот им платил раскошни одмори за Мартинес и нејзиното семејство, вклучително и за Полинезија и за Тајланд, за сите користејќи јавни средства.
Наводно, „гласовите“ го убедиле да вработи неколку членови од нејзиното семејство да работат во градскиот совет, а и да го реновира нејзиниот дом. Локалните бизниси со врски со градоначалникот ја извршувале работата бесплатно од страв да не ги загубат идните договори со него.
Со целото внимание, адвокатот на градоначалникот, Жан Марк Даригед, преку ноќ е претворен во мала славна личност.
„Тоа е луда приказна. Неверојатно е затоа што имате човек во политиката, градоначалник и поранешен пратеник кој е многу интелигентен. И откривате дека со таков маж може да манипулира жена. Ова е жена која влезе во неговиот живот и рече дека може да разговара со неговиот починат татко. Таа нашла кај него ментална слабост и ја искористила за лична корист. Помина долго време пред да прифати дека е измамен – рекол тој.
Но, адвокатот на Мартинес, Лук Абраткиевич, има поинаков став.
– Таа призна дека ја изневерила довербата на градоначалникот, но тоа не е случај на манипулација зашто го поседувала она што го направила, а други клиенти, вклучувајќи лекари и архитекти, рекле дека има мистична моќ. Таа откри детали за нивните животи за кои никој друг не знаеше – вели тој.
Екстремната десница постигна значителни придобивки во овој дел на Франција во последните години. Една од најгласните критичари на градоначалникот е Фабиен Варесано, локален политичар од Националната партија на Марин Ле Пен. Таа го повика градоначалникот да поднесе оставка.
– Тој може да биде дарежлив, заљубен во многу различни жени, тоа е неговиот личен живот. Но, користењето на парите на даночните обврзници, тоа е друга приказна – вели таа.
Судијата ги држи во притвор и градоначалникот и гатачката за да спречи манипулирање на потенцијалните сведоци. Мартинес е преместена во самица откако била нападната во затворот за жени, а затвореничките ја обвинувале за вештерство.