📷 „И БИ СВЕТЛИНА“ Булеварот Кочо Рацин во Скопје конечно доби улично осветлување
Како што може да се забележи од видео снимката на ТВ21, конечно решен е проблемот со осветлувањето, а тој проблем, како што и претходно објавивме, траеше неколку дена, односно ноќи.
Еден од најпрометните булевари во Скопје, Кочо Рацин, од вечерва повторно е со улично осветлување.
Како што може да се забележи од видео снимката на ТВ21, конечно решен е проблемот со осветлувањето, а тој проблем, како што и претходно објавивме, траеше неколку дена, односно ноќи.
Се работи за булевар кој се наоѓа во строгиот центар на градот, каде што се наоѓа автобуската станица „Југодрво“.
Но, таму со денови немаше улично осветлување, а дополнителни маки создаваше и тоа што нема дополнителна сигнализација, па така пешаците речиси и да не се гледаа.
Зрак светлина фрлаа само билбордите кои се поставени покрај коловозот.