СЕ ТОПАТ РЕЗЕРВИТЕ НА НАФТА ВО САД Американците потрошиле 2,5 милиони барели за една недела
Аналитичарите очекуваа резервите на нафта да се намалат за 543.000 додека резервите на бензин да се зголемат за 537.000 барели, а на деривати до 824.000 барели, се вели во најновиот извештај на ЕИА.
Резервите на нафта, бензин и други нафтени деривати во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното во неделата заклучно со 10 мај, соопштија од Агенцијата за информација во енергетиката (ЕИА).
Според Агенцијата резервите на нафта се намалиле за 2,5 милиони барели до 457 милиони барели, на бензин се намалиле за 235.000 барели до 227,8 милиони барели, а резервите на деривати се намалиле за 45.000 барели до 116,4 милиони барел.
Аналитичарите очекуваа резервите на нафта да се намалат за 543.000 додека резервите на бензин да се зголемат за 537.000 барели, а на деривати до 824.000 барели, се вели во најновиот извештај на ЕИА.
Потрошувачките цени во САД во април пораснале само за 0,3%, соопшти денеска Министерството за труд, додека аналитичарите очекуваа раст од 0,4 %.