📷 🎥 ЛУЃЕ, УСПЕАВМЕ! Никола Роквиќ собра 200.000 евра за детска онкологија, се огласи и неговата сопруга Бојана Баровиќ
Српскиот пејач Никола Роквиќ пред 24 дена тргна пеш од Белград до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција.
Српскиот пејач Никола Роквиќ пред 24 дена тргна пеш од Белград до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција.
Целиот негов потфат е од хуманитарен карактер и има за цел да собере што повеќе пари за детската онкологија.
Пејачот сподели радосна вест дека парите се собрани и дека се работи за износ од 200.000 евра.
View this post on Instagram
Никола и неговата сопруга Бојана, со која ја основа фондацијата „Семејство“, вчера соопштија дека средствата се собрани, но дека продолжуваат со мисијата.
View this post on Instagram
– Луѓе, успеавме! Првата од нашите цели е остварена, собравме средства за детската онкологија, но не смееме да застанеме. Одиме понатаму, продолжуваме да собираме пари, а следна цел е да се соберат пари за детската онкологија во Ниш. Денеска е 24-ти ден, а јас продолжувам по патот за Егина. Денеска го прославуваме Светскиот ден на семејството, а ние ви посакуваме да го чувате и негувате како нешто највредно – порача брачната двојка.
Да потсетиме, Бојана и Никола ја основаа фондацијата „Фамилија“, а целта на мисијата е да се соберат што повеќе средства за детската онкологија со цел да им се помогне на загрозените, талентираните и болните деца, како и набавка на апарат којшто ќе помогне да се дијагностицира рак на мозокот кај децата.