ВО ЗЕМЈАВА ЌЕ СЕ ГРАДАТ НАД 1.000 СТАНОВИ Повеќе од 480 станови ќе бидат во Ѓорче Петров
Од почетокот на годинава покажуваат дека во јануари годинава било предвидено да се градат 615 станови, а во февруари 951 стан од кои 606 во Скопскиот регион.
Вкупно 1.013 станови се предвидени за изградба во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на одобренијата за градење во март годинава изнесува 321 и е за 22,7 % помалку во однос на истиот месец од лани. Предвидената вредност на објектите изнесува повеќе од 5, 8 милијарди денари, за 4,8% повеќе споредено со истиот месец од претходната година.
Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 101, по што следуваат Полошкиот, 65, Југоисточниот, 41, Источниот 34, Југозападниот 25, Вардарскиот, 22, Пелагониски, 21. Со најмалку одобренија, 12, е Североисточниот регион.
Од вкупниот број одобренија, 193 (60,1%) се наменети за објекти од високоградба, 56 (17,5%) од нискоградба и 72 (22,4%) за објекти за реконструкција.
На 200 објекти (62,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37,7%) инвеститори се деловни субјекти.
Како што наведува ДЗС, во извештајниот период е предвидена изградба на 1.013 станови, со вкупна корисна површина од 72.506 квадратни метри. Од 607-те станови предвидени во Скопскиот регион, 487 се во Општина Ѓорче Петров, 44 во Општина Петровец, 43 во Општина Гази Баба, 19 во Општина Аеродром, а по четири стана во Центар и во Сопиште.
Статистичките податоци од почетокот на годинава покажуваат дека во јануари годинава било предвидено да се градат 615 станови, а во февруари 951 стан од кои 606 во Скопскиот регион.