„СТЕ ГО СЛУШНАЛЕ ЛИ ПЕНДАРОВСКИ ЕДНАШ ДА ЈА ОСУДИ ДУИ?“ Тој човек 5 години не покажа став, порача Мицкоски од Гевгелија
Според Христијан Мицкоски денеска постојат граѓани од прв ред и тоа се тие кои орбититраат околу раководството на ДУИ и нивните измеќари од СДСМ и тие ги уживаат сите привилегии, за нив не важат закони, местат тендери, го ограбуваат народот, никому сметка не полагаат за тоа што го прават изминативе 6 ипол година, а „сите ние останатите сме граѓани од втор ред“.
„Тоа е Стево Пендаровски, човекот кој 5 години не даде став, 5 години анализираше и ќе го слушнете на митинзи како вели не правел криминал и го осудувал криминалот. Дали сте го слушнале Пендаровски изминативе 5 години да ги спомене Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и дали за него се чесни политичари? Бидејќи нема никаков глас да каже нешто за нив кои ја практикуваат политиката по принципот „како до сега“.
Вака говореше на денешниот митинг во Гевгелија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој рече дека претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски 5 години никаде го немало, „ниту со земјоделците, ниту со пензионерите, ниту со младите, но затоа ќе го слушнете како ја навредува професорката Силјановска Давкова или како ако не е претседател ќе се исели и како ќе каже дека Гоце Делчев е Бугарин“.
Мицкоски посочи дека „од една страна е Стево Пендаровски кој на граѓаните им вика дека не сака очи да им види ако не го гласаат, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова, жена борец, сопруга, мајка која во Парламентот покажа како треба да се брани македонскиот идентитет“.
– Силјановска Давкова секогаш е во врвот во првите тројца дискутанти во Собранието цени 4 години и не само во Парламентот, туку и како професор и експерт таа беше дел од Совет на Европа и Венецијанска комисија и реномирани институции каде и ден денес ја цитираат колеги во нивните научни трудови. А како професор студентите во неколку наврати ја бираа како најинспиративен професор. Затоа ве повикувам на масовна излезеност на 24 април, а потоа и на 8 мај, да ја направиме Македонија горда повторно и твоја, достоинствена – вели Мицкоски за Силјановска Давкова.
Според Христијан Мицкоски денеска постојат граѓани од прв ред и тоа се тие кои орбититраат околу раководството на ДУИ и нивните измеќари од СДСМ и тие ги уживаат сите привилегии, за нив не важат закони, местат тендери, го ограбуваат народот, никому сметка не полагаат за тоа што го прават изминативе 6 ипол година, а „сите ние останатите сме граѓани од втор ред“.
– Затоа се создава чувство кај младите, кај граѓаните дека не е само економската причина зошто се напушта Македонија, туку и дека нема правда, бидејќи неправда има насекаде. Несигурност, немање перспектива бидејќи има граѓани од прв ред за кои ништо не важи и сите останати сме од втор ред – заклучува Мицкоски.