ДАЛИ ПАРТИСКА ФИРМА ИЗВЕДУВАЧ БЛИСКА ДО ВРВОТ НА СДСМ Е ПРИЧИНА ЗА МОЛКОТ? Од ВМРО-ДПМНЕ ги прозваа Ковачевски и Костадиновска за пожарот во Универзална

24 часа молк од СДСМ која е фирмата која е ангажирана за извршување на градежни активности на Универзална сала, и дали таа е блиска си врвот на нивната партија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

218

Дали партиска фирма изведувач, блиска до врвот на СДСМ е причина за молкот на Ковачевски и Бисера Костадиновска околу пожарот во Универзална, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот инцидент во кој изгоре познатиот скопски објект.

„24 часа молк од СДСМ која е фирмата која е ангажирана за извршување на градежни активности на Универзална сала, и дали таа е блиска си врвот на нивната партија?






Димитар Ковачевски и Бисера Костадиновска молчат и за тоа какви материјали се вградувани. Дали е градено според стандарди или како и сè до сега со СДСМ што им се видело поевтино за да имаат простор за големи маржи за нечии џебови?

Власта молчи и за надзорот и дали тој го одобрил сето тоа што до сега било направено.

Многу прашања, малку одговори. СДСМ молчат, затоа што заради нивната неспособност и криминал изгоре Универзална сала.

Наскоро на ваквите катастрофи им доаѓа крај. Народот бара промени. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно ќе биде горда“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини