МИНИМАЛНА ПЛАТА 30.000 ДЕНАРИ, ПРИДОНЕСИТЕ ДА СЕ НАМАЛАТ ЗА 32% Таравари на консултации во Стопанската комора на северозападна Македонија
„Во мојата програма посебен акцент имаат иновативноста и енергетиката, како и постигнување консензуален договор меѓу политичките партии што државниот претседател би го иницирал со поддршка од сите за економски развој на државата“, рече претседателскиот кандидат на здружената албанска опозиција.
Претседателскиот кандидат на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари заедно со лидерите на коалицијата ВЛЕН, во рамки на претседателската и парламентарната кампања денеска имаше средба со Стопанската комора на северозападна Македонија, каде се разговараше за економскиот развој, зачувувањето на работната сила и деловната клима во Северна Македонија.
Стопанската комора на северозападна Македонија ги штити бизнисите во земјата и се грижи за промоција на нашите бизниси во земјата и светот, додека нејзините барања до претседателскиот кандидат, Арбен Таравари и коалицијата ВЛЕН беа зголемувањето на минималната плата на 30.000 денари, додека владата треба да ги намали придонесите за 32%, да го реши проблемот со иселувањето, црната економија, корупцијата и владеењето на правото.
„Разговаравме за економскиот развој, за визијата на Комората за работната сила која недостасува во Македонија. Стопанската комора на северозападна Македонија, тука е и економскиот манифест што ни беше даден пред неколку недели и вклучивме некои точки во нашата програма. Во мојата програма посебен акцент имаат иновативноста и енергетиката, како и постигнување консензуален договор меѓу политичките партии што државниот претседател би го иницирал со поддршка од сите за економски развој на државата“, рече Таравари.
На средбата беа разменети идеи и за парламентарната програма на коалицијата ВЛЕН , каде фокусот ќе биде на подобрување на бизнис климата, зачувување на нашата работна сила, намалување на трошоците за работна сила, зајакнување на слободните економски зони, развој на туризмот, земјоделството и други.