ЕВЕ ЗОШТО БИЛ ВАЖЕН ФУДБАЛСКИОТ МЕЧ ВО СРЕДНО КОЊАРЕ КАДЕ ШТО БЕШЕ УАПСЕН ФУРКАН Навивачите на “Шкендија” од Арачиново се обиделе да ги истепаат кумановци
Навивачите на ФК Шкендија од Арачиново предизвикале инцидент и прекин на натпреварот меѓу ГФК Куманово и БФК Коњари поради триумфот на кумановци кои се нивни директни конкуренти за првото место на табелата во Третата фудбалска лига Север.
Победата на ГФК Куманово против БФК Коњари со 2-0 на последниот првенствен натпревар од Трета лига Север е причината поради која настанал инцидент предизвикан од навивачите на ФК Шкендија, во кој е приведен и новинарот Фуркан Салиу.
Водството на кумановци предизвикало револт и тензии кај навивачите на нивниот директен конкурент за првото место на табелата ФК Шкендија од Арачиново, па на 20 минути пред завршување на натпреварот тие ја нападнале домашната публика, по што дошло до 30-минутен прекин на играта.
Стручниот тим на ГФК Куманово тврдат дека мечот бил одлично организиран од домаќинот и обезбедуван од МВР.
– На стадионот во селото Средно Коњари, скопско имаше домашна публика која навиваше фер и коректно, но и навивачи од Арачиново кои цело време вршеа притисок на нашите фудбалери, што е недозволиво во фудбалот. По напуштањето на стадионот навивачите од Арачиново ја нападнаа домашната публика и локалното население, по што дојде до прекин на натпреварот и да немаше полиција во голем број, кој знае што ќе се случеше. Очекувано на крајот победивме, што и не е изненадување ако се знае дека сме најквалитетна екипа – истакна потпретседателот на ГФК Куманово, Тони Раденковиќ, пренесува Кумановоњуз.мк
ГФК Куманово останува лидер на табелата, а ФК Шкендија е на само еден бод разлика. До крајот на првенството на кумановци им остануваат уште 7 натпревари, од кои наредните два ќе ги игра на домашен терен.
Во билтенот на МВР стои дека околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК “БВК Коњаре” и ФК “Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат.