КРАЛОТ ЧАРЛС Ѝ СЕ ОБРАТИ НА НАЦИЈАТА Во велигденската порака ја споменува и болеста со која се борат тој и Кејт

Аудио обраќањето на кралот Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата Ворчестер во негово отсуство, поради неговата болест и лекувањето што е во тек.

962

Кралот Чарлс поради болеста не присуствуваше на традиционалната годишна служба во катедралата Ворчестер на Велики Четврток. Аудио обраќањето на кралот беше емитувано на собранието во катедралата Ворчестер во негово отсуство, поради тековното лекување на монархот од рак.
Во обраќањето до нацијата кралот Чарлс им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“, што најверојатно ќе се толкува како одговор на нацијата на двојниот здравствено стравување во монархијата по објавата дека и кралот Чарлс и принцезата Кејт Мидлтон боледуваат од рак.

– Актот на богослужба, овде во катедралата Ворчестер, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување, да го следам примерот на Христос „не да ми служат, туку јас да служам. Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и го правам со целото мое срце“ – рече кралот.






Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак, поради што беше подложен на хемотерапија.

Поврзани содржини