🎥📷ЉУБЉАНА ГОРИ, ПРИСТИГНА РОНАЛДО Влезниците распродадени за 4 минути!
Фановите во долги редици го чекаа португалскиот фудбалер кој прв пат допатува во Словенија за пријателскиот натпревар меѓу двете селекции што ќе се одигра денеска на стадионот „Стожице“.
Португалската фудбалска репрезентација во понеделник навечер допатува во Љубљана каде ќе одигра пријателски натпревар против Словенија. Ова е првпат Кристијано Роналдо да пристигне во Словенија, а тоа предизвика огромен интерес меѓу фудбалските фанови.
👋 Eslovénia 🇸🇮 pic.twitter.com/3AkaKEQTrw
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) March 25, 2024
На аеродромот и пред хотелот во Љубљана очекувано се собра толпа навивачи на португалскиот фудбалски ас, но тие останаа разочарани.
На аеродромот „Јоже Пучник“ се собраа голем број обожаватели на Кристијано Роналдо, меѓу кои претежно деца, со надеж дека ќе го видат славниот фудбалер.
Young Ronaldo fans in Slovenia. 🇸🇮🤩 pic.twitter.com/t8MJcBdno7
— TCR. (@TeamCRonaldo) March 25, 2024
Но, поради посебни безбедносни мерки, бројните фанови не можеа да им се приближат на португалските фудбалери.
По слетувањето на авионот, на пистата чекал автобус со полициска придружба и ги превезол до хотелот.
Репрезентативците на Португалија ноќта ја минаа во елитен хотел во центарот на градот, каде исто така имаше голема гужва, но навивачите ни тука немаа шанса да им пријдат.
A large number number of fans came out to welcome Cristiano Ronaldo. ❤️ pic.twitter.com/EitfPK7sdd
— CR7’s PR manager (@RONALDOthabeast) March 25, 2024
Најавено е дека португалските репрезентативци ќе останат во хотелот до натпреварот, каде што го резервираа целиот кат и ќе бидат строго одвоени од останатите гости и со специјално обезбедување.
Роналдо против Словенија ќе го одигра својот 206. натпревар за португалската репрезентација. Досега има постигнато 128 гола за својата земја.
Билетите за натпреварот на стадионот „Стожице“ кој започнува во 20 часот и 45 минути се распродадени за само 4 минути.