„ИМАЈТЕ СОЧУВСТВО, ТОА Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО“ Мајката на Кејт Милдтон очајна за состојбата на својата ќерка
Теориите на заговор за принцезата Кејт Мидлтон (42) не престануваат. Објавите за нејзината болест, ракот, се влошуваат.
Теориите на заговор за принцезата Кејт Мидлтон (42) не престануваат. Објавите за нејзината болест, ракот, се влошуваат. Нејзината мајка Керол Мидлтон, пишуваат британските медиуми, е очајна за здравјето на својата ќерка. Таа била потресена од видеопораката што ја сними принцезата, а која беше објавена во петокот.
Кралската експертка Џени Бонд ја повика јавноста да покаже сочувство кон мајката на принцезата од Велс, која ја знае вистинската состојба на болеста и мора секојдневно да гледа како теоретичарите на заговор пишуваат сурови работи за нејзината болна ќерка.
– Во овие моменти треба да размислуваме за уште една мајка, Керол Мидлтон. Кетрин можеби има 42 години, но сепак е нејзино мало девојче. Многу е вознемирувачко да ја гледате ќерката која има рак и која секојдневно доживува малтретирање на интернет – изјавила Бонд за британски „Мирор“.
Кејт Мидлтон ја откри својата дијагноза во видеопорака на социјалните мрежи. Таа објасни дека ракот и го откриле по операцијата на стомакот во јануари.
– Операцијата беше успешна, но тестовите по операцијата покажаа дека имам рак. Како што можете да замислите, за ова беше потребно време. Ми требаше некое време да се опоравам од големата операција пред да можам да го започнам лекувањето. Но, што е најважно, ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин кој е за нив соодветен и да ги убедиме дека ќе бидам добро – рече таа меѓу другото.