ЗА 18.000 ДЕНАРИ КУПИЛЕ ЛАЖНИ 900 ЕВРА Полицијата приведе 5 лица, користеле фалсификувани пари
Приведените лица во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра.
Полициски екипи од Куманово во село Ранковце ги лишија од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје поради сомнеж дека користеле фалсификувани евра.
„Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „Фалсификување пари“ предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18.000 денари од истиот купиле 9 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра“, велат од МВР.
Оттаму додаваат дека истите во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра.
„Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите 5 лица им е определен 30 дневен притвор“, информираат од министерството.