КОНЕЧНО ПРЕЦИЗЕН БРОЈ! Еве колку чекори дневно се доволни за да го зачувате срцето и да живеете подолго

Достигнувањето на овој број на чекори секој ден е најдобриот начин да го намалите ризикот од смрт и срцеви заболувања

1,633

Кратката прошетка секој ден би можела да ви го зголеми животниот век, а научниците открија колку чекори би требало да направите, пишува Daily Star.

Една нова студија покажала дека најмалку 4.000 чекори дневно може да ви помогнат да живеете подолго. Истражувачите во Австралија откриле дека секој дополнителен чекор до околу 10.000 чекори секој ден може да го намали ризикот од смрт и срцеви заболувања, без оглед на тоа колку време поминувате седејќи.






Тим од Универзитетот во Сиднеј ги прегледал податоците од 72.174 луѓе кои била дел од студијата на UK Biobank. Овие луѓе носеле специјален уред на зглобот една недела за да измерат колку се активни, колку чекори прават секој ден и колку време поминале седејќи или лежејќи додека биле будни.

Во просек, луѓето во студијата правеле 6.222 чекори секој ден. Истражувачите користеле 2.200 чекори дневно како почетна точка за да видат каков ефект има правењето повеќе чекори.

Луѓето во студијата поминувале во просек по 10,6 часа дневно седејќи. Оние кои седеле 10,5 часа на ден или повеќе се сметало дека имаат големо време на седење. Во меѓувреме, оние кои седеле помалку од 10,5 часа дневно, имале помало време за седење.

Колку чекори дневно треба да направите?
Во текот на истражувањето, кое траело во просек 6,9 години, починале 1.633 луѓе, а биле забележани 6.190 случаи на срцеви заболувања.

Резултатите, кои биле објавени во British Journal of Sports Medicine, покажале дека оптималниот број чекори што треба да се направат секој ден за да се урамнотежи времето на седење е помеѓу 9.000 и 10.000.
Правењето околу 9.000 до 10.000 чекори дневно е најдобриот начин да се намали ризикот од смрт и срцеви заболувања, покажала студијата. А експертите откриле дека дури и 4.000 до 4.500 чекори дневно може да направат голема разлика. Истражувањето треба да помогне да се создадат подобри совети за тоа колку чекори треба да прават луѓето секој ден.
„Правењето помеѓу 9.000 и 10.000 чекори секој ден оптимално го намалило ризикот од смртност и инциденти од кардиоваскуларни болести кај учесниците со високо седечки  режим на живот. Минималниот праг поврзан со значително помал ризик од смртност и кардиоваскуларни болести бил помеѓу 4.000 и 4.500 чекори на ден“, рекол д-р Метју Ахмади.

Поврзани содржини