🎥 НЕ ВИДЕЛЕ СНЕГ 30 ГОДИНИ, СЕГА СЕ ЗАТРУПАНИ Во снежното невреме во Пакистан загинаа најмалку 35 луѓе

Снегот во март во Пакистан е невообичаена појава, со оглед на инаку влажната клима, овие екстремни временски услови се припишуваат на климатските промени.

165

Најмалку 35 луѓе загинаа, а десетици се повредени откако замрзнат дожд и неочекуван снег ги погодија оддалечените области на Пакистан во текот на викендот. Меѓу загинатите има и 22 деца, од кои многумина беа згмечени од лизгање на земјиштето што ги затрупа нивните домови, соопштија властите за управување со катастрофи.

Екстремните временски услови ги погодија северните и западните региони на Пакистан, кои блокираа патишта и стотици куќи.
Снегот во март во Пакистан е невообичаена појава, со оглед на инаку влажната клима. Муштак Али Шах, поранешен директор на метеоролошкиот оддел во земјата, ги припиша необичните услови на климатските промени.






Тој додаде дека град кој трае „неколку моменти“ нема да биде толку изненадувачки, но необично е да трае повеќе од 30 минути. Хаџит Шах, жител на областа Кирк во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, рече дека само еднаш доживеал снег во неговото соседство.

– Како што се сеќавам, паѓаше слаб снег неколку минути пред околу 25 или 30 години – изјави тој за Би-би-си.

Поројните дождови целосно уништија најмалку 150 куќи и делумно оштетија 500 други, главно во Сајбер Пахтунхва и југозападната провинција Балучистан, соопштија властите. Во некои области струјата е целосно исклучена веќе неколку дена. Покраинската влада на Сајбер Пахтунхва обезбеди помош за погодените области и најави финансиска помош за повредените и семејствата на загинатите.

Поврзани содржини