🎥 „СЕДУММИНА МЕ СИЛУВАА“ Кобно патување во Индија за шпанска блогерска двојка
Шпанските блогери Винсенте и Фернанда се познати на социјалните мрежи по нивниот канал Vuelta Al Mundo En Moto (Околу светот на мотор) и досега пропатувале низ повеќе од 60 земји откако го започнаа своето патување околу светот од Барселона пред 5 години.
Шпанската блогерска двојка Винсенте и Фернанда, кои биле на патување со мотор низ Индија, на социјалните мрежи објавија дека група мажи ги нападнале, ги ограбиле и ја силувале Фернанда.
Тие на 1 март објавија видео на кое се гледаат со модринки и отоци на лицето, додека и двајцата изгледаат потресени. Тие за шпанските медиуми изјавија дека биле нападнати во областа Думка во индиската држава Џарканд, популарна туристичка дестинација.
Таму застанале на пат кон Непал да се одморат и поставиле шатор во близина на пазарот Хансдиха. Откако заспале, седум момчиња упаднале во шаторот и ги нападнале, тврдат шпанските блогери.
-Седум мажи ме силуваа. Не тепаа и не ограбија иако не зедоа многу работи бидејќи нивната намера беше да ме силуваат – вели Фернанда на шпански на видеото што го објавија.
Таа додава и дека напаѓачите им се заканувале дека ќе ги убијат.
-Не совладаа. Ми ставија нож на вратот и ми рекоа дека ќе ме убијат. Фернанда беше силувана. Седум од нив. Седум луѓе. Кучки синови. Устата ми е скршена, но Фернанда помина полошо од мене. Ме удираа со кацига по глава – вели Фернандо во едно од видеата кои во меѓувреме се избришани од социјалните мрежи.
a travelvlog couple trying to visit every country in the world decided to go to India as their latest destination.
11 hours ago they announced they were at the hospital because he had been beaten up and she had been gang raped by 7 men. pic.twitter.com/WNSd21TUi5
— pagliacci the hated 🌝 (@Slatzism) March 2, 2024
Полицијата во Думка им соопштила на новинарите дека шпанската двојка била пренесена на лекување во локалната болница. „Двојката зборуваше мешан шпански и англиски јазик, па патролниот тим на почетокот не ги разбра. Но, тие изгледаа видно повредени, па беа однесени на лекување“ – објавија од полицијата, додавајќи дека потоа им го спомнале наводното силување на лекарите.
Полицијата подоцна додала дека уапсила четворица мажи, а сè уште трага по уште тројца. Нивниот идентитет сè уште не е познат, но се знае дека се трага по нив бидејќи ја претепале Фернанда. Силувањето не се споменува.
Би-би-си ја контактираше и бразилската амбасада во Индија, која соопшти дека Фернанда, која има двојно бразилско-шпанско државјанство, и Винсенте биле жртви на сериозен напад. Од амбасадата изјавија за Би-би-си дека ја контактирале жената преку локалните службеници, како и преку шпанската амбасада, бидејќи парот користел шпански пасоши за да влезе во Индија.
Винсенте и Фернанда се познати на социјалните мрежи по нивниот канал Vuelta Al Mundo En Moto (Околу светот на мотор) и досега пропатувале низ повеќе од 60 земји откако го започнаа своето патување околу светот од Барселона пред 5 години.
Со своите мотоцикли поминале 170.000 километри. Тие се амбасадори на мотоциклите KLM, а имаат над 122.000 следбеници на Инстаграм, каде што ги документираат своите патувања.
Нападот на шпанските блогери потсети на случајот со групно силување во Индија во 2012 година и убиството на една млада жена во автобус во Делхи, што доведе до масовни протести и измени на законите за силување во земјата. Но, секоја година се пријавуваат десетици илјади силувања, а активистите велат дека патот до решавање на проблемот е сè уште долг.