🎥 БРИСЕЛ ПОД ОПСАДА Земјоделците го блокираа градот со трактори, полицијата ги растерува со водени топови
Полицијата пукаше со водени топови кон демонстрантите кои фрлаа шишиња и јајца, додека околу 900 трактори заглавија делови од Брисел, на кратко растојание од оградената област каде што се одвива состанокот на министрите за земјоделие од земјите членки на ЕУ.
Ескалира ситуацијата на протестите на белгиските земјоделци кои денеска го окупираа Брисел. Земјоделците ги блокираа улиците со трактори и запалија купишта гуми пред седиштето на ЕУ барајќи повисоки цени на земјоделските производи, финансиска помош за зелената транзиција и прекин на договорите за слободна трговија, додека трае состанокот на министрите за земјоделство од цела ЕУ кои разговараат за кризата во овој сектор.
Околу 100 трактори утринава беа паркирани во „европскиот кварт“ во близина на европските институции, а во текот на денот им се приклучија уште неколку стотици. Блокадите на патиштата предизвикаа прекини во сообраќајот, поради што властите советуваат да се користи превоз со метро. Како што се разгореа тензиите, полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои прибегнаа кон палење гуми и фрлање димни бомби.
Полицијата пукаше со водени топови кон демонстрантите кои фрлаа шишиња и јајца, додека околу 900 трактори заглавија делови од Брисел, на кратко растојание од оградената област каде што се одвива состанокот на министрите за земјоделие од земјите на ЕУ.
🇧🇪🇪🇺FLASH – Des agriculteurs viennent de forcer un barrage de police près du siège de l’Union européenne à Bruxelles. “Cela ressemble à une guerre civile”, témoignent des responsables européens. (témoins) pic.twitter.com/6MHHSBsP08
— AlertesInfos (@AlertesInfos) February 26, 2024