НАЈДОБРО ВРЕМЕ Е ВО НОЌТА Бени Шаќири го тргнал натписот „Ние сме од Скопје“, денеска ќе објасни зошто
Новиот директор на МКЦ и познат музичар Арбен Шаќири, познат како Бени, го тргнал натписот „Ние сме од Скопје“ поставен во 2018 година на предната страна од зградата на МКЦ. Како што пишуваат медиумите, натписот бил демонтиран ноќта во неделата, кога никој не бил на работа.
Музичарот беше назначен за нов директор на 22 јануари годинава со потпис на градоначалничката Данела Арсовска. Тој го наследи Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата откако Арсовска го разреши претходниот директор Ванчо Богоев.
Плусинфо се обиде да го исконтактира Шаќири. Тој преку СМС ни одговори дека во текот на денот сите медиуми ќе добијат официјално соопштение.
Отстранувањето на натписот предизвика бројни позитивни и негативни реакции на социјалните мрежи.