УРНАТ АТЛЕТСКИ ДРЖАВЕН РЕКОРД НЕДОСТИЖЕН 55 ГОДИНИ Огнен Стојановски е новиот македонски рекордер во скок со стап

Огнен Стефановски е новиот македонски државен рекордер во скок со стап во сала, со прескокнати 3,65 метри.

728

Атлетичарот Огнен Стефановски урна еден од најстарите македонски атлетски рекорди кој беше недостижен повеќе од половина век или попрецизно, рекорд во скок со стаб што беше поставен во далечната 1969 година. Стефановски стана нов државен рекордер во скок со стап во сала со прескокнати 3,65 метри.






„Стефановски со неколку месеци тренинг во една од неговите дисциплини веднаш блесна и постави државен рекорд, кој датира уште од далечната 1969 година. Му посакуваме на Огнен остварување на уште поголеми висичони “ – стои во објавата од Атлетската федерација на Македонија.

Најдоброто македонско остварување во оваа атлетска дисциплина, сепак е далеку од најдоброте резултати во светот. За споредба, новиот македонски рекорд во скок со стап  во сала од 3,65 метри е за речиси  3 метри послаб од светскиот рекорд на Швеѓанецот Арманд Дуплантис кој минатата година прескокна 6.22 метри.

Поврзани содржини