КАКО СЕ ГРИЖИМЕ ЕДНИ ЗА ДРУГИ? Претставата „Припаѓање“ на сцената на Театар Комедија

446

Претставата „Припаѓање“ на независната продукција „Атриум“ ќе биде изведена на 26 февруари 2024 година, понеделник, во 20 часот, на малата сцена на НУ Театар Комедија.

„Припаѓање“ е театарско излагање на младите авторки Хана Миленковска и Калија Киселички. Претставата се занимава со прашањето за грижата како концепт. Колку можеш да припаѓаш онаму каде што не се грижат за тебе? Како се грижиме едни за други? Колку од нашата грижа е всушност само перформанс?






Во претставата играат: Нина Елзесер, Филип Миленкоски, Сара Спиркоска, Дарко Ристовски и Ади Имери.

Авторка и режисерка е Хана Миленковска, а коавторка и драматург е Калија Киселички. Композитор е Ади Имери, продуцент – Дино Чупевски. Кореографијата е на Бобан Русески, костимографка е Мила Спасовска.

Билетите се достапни на билетарницата во Театар Комедија и онлајн на овој линк.

Поврзани содржини