И Ѓорѓи Марјановиќ оди во Америка

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

4,278

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 30.09.1998 година)

По­о­дам­на има­м еден бра­чен проб­лем: же­на ми до­би од сво­јот фа­кул­тет не­как­ви сред­ства за сту­дис­ки прес­тој во Аме­ри­ка и таа, ка­ко ста­рин­ски вос­пи­ту­ва­на да­ма, сме­та де­ка јас мо­ра да ја прид­ру­жу­вам. Јас пак на­вис­ти­на не­мав (и сѐ уш­те не­мам) не­как­ва осо­бе­но жеш­ка жел­ба да ода­м усвет, а осо­бе­но не во Аме­ри­ка, ка­де што (спо­ред фил­мо­ви­те ко­и ги про­ду­ци­ра­ат во нив­на­та Све­та Го­ра) ма­фи­ја­та се­кој ден уби­ва онол­ку лу­ѓе кол­ку што Скоп­је има жи­те­ли. Што ба­ра­м јас та­му? Не ќе мо­же ду­ри ни на концерт да пој­дам: Аме­ри­канци­те ра­коп­лес­ка­ат ме­ѓу ста­во­ви (што е нај­го­ле­м му­зич­ки ре­зил во Ев­ро­па, па и во Ма­ке­до­ни­ја).






Од дру­га стра­на, ка­ко што не е непоз­на­то, Ма­ке­до­ни­ја е во пре­диз­бо­ри­е­то, а јас сум дал цврста бе­са да му по­ма­га­м на единстве­ни­от кан­ди­да­т на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски, да вле­зе во пар­ла­мен­тот. Ор­га­ни­те на ССР­Н­М има­ат ха­ти­ше­ри­ф да не ја спом­ну­ва­ат Ли­га­та во сво­и­те на­пи­си, и да не е, „Днев­ник” (и мо­и­те ко­лум­ни) и пла­те­ни­те ог­ла­си на г. Тор­тев­ски во “Ма­ке­до­ни­ја де­нес” на­ше­то учес­тво на из­бо­ри­те би ми­на­ло на­пол­но не­за­бе­ле­жа­но. От­та­му, мо­е­то оде­ње во стран­ство (ка­ко и за вре­ме на из­бо­ри­те од 1994, ко­га бев во Гер­ма­ни­ја) би мо­же­ло да се разбе­ре ка­ко не­кој вид пар­тис­ко не­вер­ство, кол­ку спре­ма Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, тол­ку и спре­ма г. Тор­тев­ски.

Ар­но ама, же­на­та не би би­ла же­на ако не нај­де на­чин да го убе­ди сво­јот чо­век во она што го на­мис­ли­ла. И ме убе­ди! А от­ка­ко се слу­чи тоа, не ми ос­та­ну­ва­ше ниш­то дру­го, ос­вен да ја ра­ци­о­на­ли­зи­ра­м мо­ја­та сог­лас­ност: ете, и Ан­те По­пов­ски (во сво­ја­та уба­ва кни­га „Око­то, свет­ли­ни­те”) тврди де­ка по­стоја­но да се па­ту­ва зна­че­ло по­стоја­но да се нап­ре­ду­ва. А јас сум за нап­ре­док, не­ли – „се­кој ден, во се­кој пог­лед”! Зна­чи, тре­ба да па­ту­вам!

По­на­та­му, пред не­кој ден чи­та­м во вес­ни­ци­те де­ка и Ци­ле На­ци­о­на­ле и Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски ќе оде­ле Аме­ри­ка, на гос­ти кај гос­по­ѓа Мед­лин Ол­брајт, да ја убе­ду­ва­ат, ве­ро­јат­но, де­ка ќе би­да­т уш­те по­по­слу­шни спре­ма САД од ју­но­ши­те на СД­СМ (ако то­а во­оп­што е мож­но!). Па, ете, и ме­не доб­ро ми дој­де да пој­да­м та­му и да сто­ра­м неш­то за доб­ро­то на Ма­ке­до­ни­ја и на неј­зи­ни­от на­ма­чен на­род. При­тоа, јас има­м по­и­нак­ви пла­но­ви за кон­так­ти.

На­мес­то со аме­ри­кан­ска­та држа­ва, јас има­м на­ме­ра да ста­па­м во кон­так­т со аме­ри­кан­ски­от биз­нис и да се оби­да­м да ре­а­ли­зи­ра­м ед­на дам­неш­на за­мис­ла, ко­рис­на кол­ку за нас, тол­ку и за ви­тал­ни­те ин­те­ре­си на Аме­ри­ка. Име­но, на­мес­то ед­на ми­ли­јар­да кре­ди­ти (што, мо­ра да приз­на­ам, и ка­ко сто­нас­тот­на си­гур­нос­т ме зас­тра­шу­ва: не­кој, еден ден, ќе мо­ра да ги вра­ќа ти­е сил­ни па­ри, а би­деј­ќи то­гаш ме­не ќе ме не­ма, то­а ќе би­да­т мо­и­те си­но­ви, вну­ци и прав­ну­ци), јас со­ну­ва­м да ѝ до­не­са­м на Ма­ке­до­ни­ја по­да­рок вре­ден 62 ми­ли­јар­ди до­ла­ри! (Са­мо што го на­пи­шав ова, а ве­ќе ми се ја­ви ви­зи­ја за ги­ган­тски на­пи­си во ор­га­нот на ССР­НМ, со ко­и овој го до­че­ку­ва се­ко­е пре­диз­бор­но, ве­ту­ва­ње на опо­зи­ци­ја­та. Не­ба­ре са­мо СД­СМ има пра­во на ла­га!).

Ка­ко би се ос­тва­ри­ла мо­ја­та за­мис­ла? Мош­не ед­нос­тав­но: би се оби­дел да ста­па­м во врска со г. Бил Гејт­с и да го убе­да­м (на­мес­то да во­ју­ва со не­раз­бра­на­та аме­ри­кан­ска ад­ми­нис­тра­ци­ја) да дој­де во Ма­ке­до­ни­ја со сво­и­те 62 ми­ли­јар­ди до­ла­ри, а ни­е од Ли­га­та за Де­мок­ра­ти­ја ќе ја про­тур­ка­ме иде­ја­та за мо­нар­хи­ја и ќе го нап­ра­ви­ме Тре­ти­от (по Алек­сан­дар и Са­му­ил) го­ле­м цар на Ма­ке­до­ни­ја, по кој бе­зус­пеш­но и не­у­теш­но пе­ка­ше Мо­нар­хис­тич­ка­та пар­ти­ја на Ма­ке­до­ни­ја.

За они­е што евен­ту­ал­но не зна­ат кој е Го­ле­ми­от Бил ќе ре­ча­м са­мо тол­ку: нес­вршен сту­ден по елек­тро­тех­ни­ка кој за де­се­ти­на го­ди­ни ус­пе­а да со­бе­ре лич­но бо­гат­ство од 62 ми­ли­јар­ди до­ла­ри има пол­но пра­во на цар­ско дос­то­инство (ако не ка­ко Алек­сан­дар, то­а се­ка­ко ка­ко На­по­ле­он). И тоа, не са­мо во жал­на Ма­ке­до­ни­ја!

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1000 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини