ЗАКОНОТ ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ДЕНЕСКА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Ќе се расправа и за измени на Законот за конфискација

Претходно на дневен ред е предлогот за разрешување на двајца министри од Алијанса на Албанците, лојални на лидерот на партиајта Арбен Таравари.

116

Собранието на денешната 143. седница, една од последните на овој пратенички состав, ќе расправа за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој се носи во скратена постапка, а во прво читање ќе се најде и Законот за рестриктивни мерки, тесно поврзан со „црната листа“ на САД.

Прва точка на денешната седница е предлогот за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за Информатичко општество и информации Азир Алиу, на барање на техничкиот премиер Талат Џафери.






Втора точка е предлогот за именување нови министри на местото на Меџити и Алиу.

По скратени постапка на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за посебните права на бранителите, Законот за социјална заштита, како и Законот за градење.

Овој парламентарен состав ќе функционира до 14 февруари кога ќе се распушти, а ден подоцна ќе бидат распишани парламентарните избори кои треба да се одржат на 8 мај оваа година.

Поврзани содржини