ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ВО ЈАНУАРИ СЕ НАМАЛИЈА НА 4,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Повеќе од половина од нив се во хартии од вредност

Девизните резерви на крајот на декември 2023 година изнесуваа 4,538 милијарди евра.

1,292

Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 4,337 милијарди евра и се намалени за околу 200 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (56,4%), по што следуваат валутите и депозитите (33,9%) и монетарното злато (9,6%).






Девизните резерви на крајот на декември 2023 година изнесуваа 4,538 милијарди евра и во однос на претходниот месец беа зголемени за 574,8 милиони евра, соопшти Народна банка.

Поврзани содржини