ВО ПРИЛЕП ЅВЕРСКИ ЗАСТРЕЛАНИ ШЕСТ КУЧИЊА И ФРЛЕНИ ВО ДЕПОНИЈА Анима мунди бара одговорност од надлежните кои молчат

МВР, Агенција за храна и ветеринарство, Општина Прилеп, министри, директори, градоначалици, итно излезете на улица за да видите што се случува! Какви ѕверства се премолчуваат и се туркаат под тепих – се вели во соопштението на Анима мунди.

329

Со огнено оружје, среде урбана средина – во населбата Варош во Прилеп, завчера сe застрелани и убиени 6 кучиња, а потоа се фрлени во градската депонија кај село Алинци – тврди невладината организација за заштита на животните Анима мунди.

Монструмот, кој плански им пресудил, шетал наоружан за да убива. Пристигнати ни се податоци од граѓани кои на овој начин го загубиле својот миленик. Со крв е обележана траекторијата на прилепските улици, населба Варош, улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски и Благоја Шукуровски. И како да ништо да не се случило, Комуналец Прилеп уредно поминал, ги собрале застреланите тела на животните, кои живи, кои на издишување, и ги фрлиле во градската депонија кај село Алинци. Ниту крим-полиција, ниту било каква пријава било каде. Доказите се таму некаде на депонија, дело нема.
МВР, Агенција за храна и ветеринарство, Општина Прилеп, министри, директори, градоначалици, итно излезете на улица за да видите што се случува! Какви ѕверства се премолчуваат и се туркаат под тепих“ – се вели во соопштението на Анима мунди.






Здружението бара итно да се казни директотот на ЈП Комуналец Прилеп за непостапување, иако службите биле сведоци на жртви на тешко кривично дело.

Поврзани содржини