📷 КУРШУМ ПРОНАЈДЕН ВО ДВОРОТ НА АРБЕН ТАРАВАРИ Животот на лидерот на Алијанса за Албанците е ставен во опасност?!

Деновиве се случува раскол во партијата откако лидерот јавно објави дека неговата партија треба да се приклучи на опозицискиот блок.

2,739

Куршум е пронајден денеска во дворот на лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари, потврдуваат за Плусинфо од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска во 9 часот и 34 минути Ј.Џ.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на 50-годишниот гостиварец А.Т. во Гостивар било оставено, односно пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри. Екипа од СВР Тетово-ОВР Гостивар извршила комплетен увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење. Се расчистува и документира случајот“, информираше МВР.






Деновиве се случува раскол во партијата откако лидерот јавно објави дека неговата партија треба да се приклучи на опозицискиот блок.

Од друга страна, поранешниот лидер на партијата Зијадин Села, синоќа изјави дека не се согласува со ставот на Таравари.

Тој насилно и со полиција влегол во партијата, а подоцна свика и Централно собрание на Алијанса за Албанците на коешто ќе се бара одговорност од Таравари.

Но, недоразбирањата не запреа тука. Доцна синоќа, директор на Алијанса за Албанците бил нападнат во Тетово.

Станува збор за првиот човек на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу, кој преку социјалните мрежи порача: „Можете да ме убиете, но нема да ме исплашите“.

Нападот се случил непосредно по објавување на фотографија на која е со Зијадин Села. Настанот го потврди и полицијата.

СЕЛА НАСИЛНО И СО ПОЛИЦИЈА ВЛЕГОЛ ВО ПАРТИЈАТА Тој свика Централно собрание на Алијанса на кое ќе се бара одговорност од Таравари

ПОЧНАА ФИЗИЧКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ВЛАСТ ВО АА Директор на Алијанса вечерва нападнат во Тетово од поддржувач на Таравари

Поврзани содржини