ЗАТВОРЕНИК НАПАДНА ЧУВАР ВО ИДРИЗОВО И СЕ ОБИДЕ ДА ИЗБЕГА Вработените го спречија во намерата

Министерството за внатрешни работи го разјаснува случајот и подготвува пријава за затвореникот.

202

Затвореник вчера се обидел да избега од затворот Идризово, но бил спречен од вработените, соопшти МВР.

Како што е соопштено, затвореникот  И.М. (31)  при обидот да избега, физички нападнал еден од вработените.






„На 02.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот И.М.(31) се обидел да се побегне од установата, но бил спречен од вработените, при што физички нападнал еден од нив“, се наведува во соопштението.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини