🎥 ПОЖАР И ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТЕРМОЦЕНТРАЛА ВО ЈАПОНИЈА Се запалила подвижната лента за транспорт на гориво
Термоелектраната Такетојо се наоѓа на околу 40 километри јужно од Нагоја, најголемиот град во централна Јапонија и е една од најголемите во земјата.
Во термоелектраната Такетојо во префектурата Аичи во централна Јапонија денеска избувна голем пожар, соопшти нејзиниот сопственик ЈЕРА, додавајќи дека нема повредени, а работата во централата е прекината.
Јавниот сервис НХК претходно објави дека се слушнала експлозија, а очевидци забележале црн чад како се издига од термоцентралата.
Breaking: There was an explosion today at the Taketoyo Thermal Power Station in Aichi prefecture. Videos shared on social media show flames and black smoke rising from the facility. pic.twitter.com/cXsJoERyUm
— Jeffrey J. Hall 🇯🇵🇺🇸 (@mrjeffu) January 31, 2024
Црн чад излегуваше од котларата на термоцентралата, а покрај неа гореше транспортер за јаглен. Пожарникарите се испратени на местото на настанот откако добиле повици од сведоци, објави НХК.
Електраната е управувана од ЈЕРА, водечка јапонска комунална компанија.
ЈЕРА соопшти дека во 15:14 часот по локално време (07:14 по средноевропско време), на подвижната лента со која се транспортира гориво во фабриката, бил забележан чад и пожар.
Производниот капацитет на термоелектраната Такетојо е 1.070 MW, што е меѓу најголемите во Јапонија во однос на една производна единица, се наведува на веб-страницата на ЈЕРА.
Термоелектраната се наоѓа на околу 40 километри јужно од Нагоја, најголемиот град во централна Јапонија.