📽 ВОЗАЧОТ ЈА ЗАБЕЛЕЖАЛ ОТКАКО 4 ПАТИ ГО ПРИТИСНАЛ ТОВАРОТ! Жена завршила во камион за ѓубре, еве што се случило со неа!
Шефот на пожарникарската служба во Њу Хемпшир рече дека „никогаш немал ваков случај во неговата 32-годишна кариера“.
Американка од Њу Хемпшир, која завршила во контејнер за ѓубре, а потоа и во камионот што го собира сметот, за чудо го преживеала ужасот и маката само со полесни повреди.
Жената, чиј идентитет не е соопштен, на инспекторите им кажала дека паднала во канта додека фрлала ѓубре, а потоа завршила во камионот. Возачот ја забележал несреќната жена на камерата, но дури откако по четврти пат го притиснал товарот. Потоа тој се јавил на 911.
Шефот на пожарникарската служба во Њу Хемпшир рече дека „никогаш немал ваков случај во неговата 32-годишна кариера“.
– Не мислите дека е можно, но денес, во денешно време, времињата се тешки и луѓето прават секакви работи. Ова ќе остане запаметено – рече Боб Боде.
Меѓутоа, возачот на камионот рекол дека ова не му се случува првпат.
Жената е пренесена во болница и ѝ е укажана лекарска помош. Се очекува да биде добро. Засега не е јасно колку време таа поминала во контејнерот или во камионот.