📷 КАНЈЕ ВЕСТ ПОВТОРНО ШОКИРА Раперот ги отстрани сите заби и ги замени со протеза од 850.000 долари

Канје на Инстаграм сподели фотографија од новата протеза, па ја спореди со забите на негативецот по име Зубо од филмот за Џејмс Бонд.

935

Раперот и дизајнер Канје Вест (46) одлучил да ги отстрани сите заби и да ги замени со протези од титаниум. Канје на Инстаграм сподели фотографија од новата протеза, па ја спореди со забите на негативецот по име Зубо од филмот за Џејмс Бонд.






Изворите кои ја открија веста за британскиот таблоид „Дејли мејл“ велат дека Канје сам ги дизајнирал протезите и дека се „поскапи од дијамантите“.

 

Имплантот е нов хируршки модел кој засега го има само Канје, а чини околу 850.000 долари (околу 780.000 евра). Протезата ја вградил д-р Томас Конели од Беверли Хилс, со Наоки Хајаши, главен забен техничар.

– Ни беше задоволство да се работи со Канје. Неговата визија за дизајнирање уникатна уметност оди подалеку од стоматолошката прогресија. Комбинацијата на неговата визија и стоматолошката наука е епска! – изјави Конели за „Дејли мејл“.

Поврзани содржини