ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ СУВО И СТУДЕНО Минусни температури наутро, а в понеделник нѐ очекуваат врнежи од дожд и од снег
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од - 8 до 5 степени.
Првиот ден од викендот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места во должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 11 степени во Берово и во Маврово до – 4 во Гевгелија, а максималните дневни од – 1 во Маврово и 7 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од – 8 до 5 степени.
В недела ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од – 12 степени до – 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 8 степени.