КОЈ Е „ФИТО“ ШТО ПРЕДИЗВИКА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ЕКВАДОР? Наркобосот имал врски со сите регионални картели, веќе бил осуден на 34 години затвор
Неговото долго име е Хозе Адолфо Масијас Вилјамар. Соработувал со моќниот мексикански картел Синалоа, но и со албанската мафија. Лос Чонерос ја основал во 2005 година. Отпрвин членувале само осум млади луѓе на возраст од 18 до 30 години. Наркодилерот Џералд им помогна на Лос Чонерос да се искачат на врвот во наркобизнисот во Еквадор.
Илјада војници и 4.000 полицајци биле вклучени за да го преместат од затворот Гвајакил назад во затворот „Ла Рока“ кога еднаш побегнал, а при актуелното бегство на „Фито“ Масијас во државата Еквадор вчера беше прогласена двомесечна вонредна состојба и беа извадени тенковите и армијата поради борба со 22 нарко-картели.
Наркобосот за кој властите стравуваат дека може да контролира затвореници бил веќе осуден на 34 години затвор за злосторства меѓу кои и убиство, а неговата банда Лос Чонерос соработува со речиси сите картели во регионот.
Фито на 44 години има 14 судски постапки за различни кривични дела. Тој веќе поминал 12 години во затворот „Ла Регионал“. Се сомничи за улога во убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилјависенсио на кого му испратил смртни закани.
Неговото долго име е Хозе Адолфо Масијас Вилјамар. Соработувал со моќниот мексикански картел Синалоа, но и со албанската мафија. Лос Чонерос ја основал во 2005 година. Отпрвин членувале само осум млади луѓе на возраст од 18 до 30 години. Наркодилерот Џералд им помогна на Лос Чонерос да се искачат на врвот во наркобизнисот во Еквадор.
Кога во 2013 година Фито со уште 15 затвореници од Лос Чонерос избегаа од „Ла Рока“, најдобро чуваниот затвор во земјата, 10 месеци беа најбараните криминалци. Во тоа време водач бил Хорхе Луис Замбрано. Фито дошол на неговото место откако Замбрано бил убиен од ривалска банда.
И во затвор Фито командувал со групата. Тој во Ла Рока беше префрлен на 12 август.
Во моментов, големата непозната е како тој’ можел да побегне од затворот, од неговиот приватен бункер од каде што продолжил да ја контролира својата криминална банда. Најверојатно сценарио е дека имало „инфилтрации“ и дека бегството било „прашање на часови“.
Или барем така истакна секретарот за комуникации на владата на Еквадор, Роберто Изуриета. На фотографиите дистрибуирани од полицијата тој може да се види со дебел изглед, долга коса и истакната брада.
Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба за период од 60 дена по бегството од затвор на Адолфо Масијас, водач на Лос Чонерос, една од најголемите криминални банди во земјата. Во наредните два месеца, војската ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а се воведува и полициски час од 23 часот навечер до 5 часот наутро.
Масијас во неделата побегна од затвор и по него трагаат 3.000 полицајци и припадници на вооружените сили.
Еквадор се справува со 22 банди кои се именувани во декретот на претседателот. Перу ја стави војската на готовс покрај границата со Еквадор.
Еквадор во минатото важеше за „остров на мирот“, сместен меѓу два најголеми светски производители на кокаин – Перу и Колумбија. Но, пристаништата го направија Еквадор клучна транзитна точка за пробив на кокаинот со САД и Европа.
Во меѓувреме, во соседен Бразил, Србин близок до Шкаљарскиот клан од Панчево, по име Дарко Гејслер, беше убиен на улица во неразјаснети околности. Се смета дека тој се криел цела деценија во разни земји, а зборувал португалски и во Бразил живеел мирен живот како столар со жената и синот. Тој се сомничи дека го убил Андрија Мрдак од „барскиот клан“.