ЗА НИВ ВОЈНАТА ЗНАЧИ САМО ПРОФИТ Како украинска профитерка купила 4 хотели во Сплит за 10 милиони евра
Украински репортер ѝ влегол во трагата на извесна Тетјана Глињана, сопственичка на компании со кои го снабдува со храна украинското Министерство за одбрана - Украинката си купила дури 4 хотели во Сплит, ко вредат цело мало богатство.
Сопственичката на компании кои му продаваат храна на Министерството за одбрана на Украина, Тетјана Глињана, станала сопственичка на четири хотели во Сплит, објави украинскиот портал NV Biznes.
Новинарот на украинскиот портал на крајот на минатата година од соговорник, за кого вели дека е запознаен со состојбите во сплитската хотелиерство, дознал дека најмалку три хотели во Сплит добиле нов сопственик од Украина, пренесува хрватскиот портал index.hr.
„Таа седеше во салата активно и даваше инструкции на локалниот персонал на украински. Тие велат дека има фабрика за преработка на месо некаде во близина на Бела Черква (град во Украина)“, рекол изворот кој сакал да остане анонимен.
Откако ја видел фотографијата на Глињана, потврдил дека тоа е таа.
Според податоците од јавните регистри, во Хрватска може да се утврди дека Глињана во есента 2023 година станала корисник на три локални компаниите, а во 2016 година ја основала и компанијата „Назарии“, чиј сопственик извесно време била нејзината ќерка Ирина Кут. Овие компании сега ги поседуваат сплитските хотели „Мирари“ (18 соби, ресторан и базен на покривот), „Ора“ (24 соби, ресторан и конгресен центар за 50 лица), „Лукс“ (30 соби, ресторан, спа центар и конференциска сала за 8 лица) и „Пош“ (6 соби, базен на покривот, спа).
Според информациите објавени на веб-страниците на агенциите за недвижности во Сплит, хотелите на слични локации со 18 или повеќе соби чинат од 2,5 до 3 милиони евра. Со други зборови, за купување на четирите хотели во центарот на Сплит биле потребни повеќе од 10 милиони евра, пишува порталот НВ Бизнис.
Украинскиот портал пишува и дека Тетјана Глињана од Била Черква, град во централна Украина, е на чело на една од најголемите бизнис-групи кои доставуваат храна за вооружените сили на Украина од декември 1995 година.
Украинските медиуми претходно пишуваа дека една од тие компании („Гранд Консалт“) му продавала храна на Министерството за одбрана по многу високи цени. Името на Тетјана Глињана се споменуваше и во аферата од 2015 година, кога полковник на Националната гарда беше обвинет дека ја наместил победата на јавен тендер за конзервирана храна за војската во замена за 10 отсто од сумата на договорот.
Министерството за одбрана се сомнева во проневера на средства за набавка на храна за вооружените сили на Украина. На 21 јануари 2023 година, еден друг украински портал објавил напис на новинарот Јуриј Николов, во кој се тврди дека лица од Министерството за одбрана на Украина се вмешани во кражба на средства за набавка на храна за вооружените сили на Украина.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека се шират лажни информации за набавка на храна за војската по напумпани цени, со цел намерна манипулација и измама. Велат и дека покренале внатрешна истрага, чии резултати ќе бидат проследени до украинската тајна служба, заедно со извештај за свесно ширење лажни информации.
Постачальниця харчів для ЗСУ Тетяна Глиняна стала власницею готелів у хорватському Спліті. @tweetsNV пише про чотири готелі, вартість яких понад 10 млн євро. Глиняну називають лідеркою одної з найбільших груп, що постачають продукти для ЗСУ і пов’язують зі скандалом “яйця по 17”. pic.twitter.com/odTyWrjE19
— ЦПК | Центр протидії корупції (@zer0corruption_) January 6, 2024