АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД Првите вклучувања на 1 јануари подоцна од вообичаено
Жичарницата на Водно денеска, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре, на 1 јануари, од 11 до 17 часот.
Јавниот превоз во Скопје денеска на 31 декември и понеделник на 1 јануари ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред, ингформираат од ЈСП.
Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
На 31 декември и на 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време.
Жичарницата на Водно денеска, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре, на 1 јануари, од 11 до 17 часот.