УТРИНСКИОТ АЛАРМ МОЖЕ ДА ГО ЗГОЛЕМИ РИЗИКОТ ОД СЕРИОЗНИ БОЛЕСТИ Каков е ефектот на ненадејното будење врз крвниот притисок?

Резултатите од едно истражување покажале дека оние кои биле разбудени со аларм имале 74 отсто поголем крвен притисок во споредба со оние кои се разбудиле без аларм. Ова сугерира дека присилното будење, особено по краток сон, може да резултира со зголемување на крвниот притисок

192

Една нова студија од Универзитетот во Вирџинија сугерира дека звукот на утринскиот аларм не само што може да влијае на расположението, туку и да го зголеми ризикот од сериозни кардиоваскуларни проблеми. Докторантка на факултетот за медицински сестри, Леонси Ким, проучувала 32 учесници за да го истражи ефектот на ненадејното будење врз крвниот притисок.

За време на дводневното тестирање, учесниците носеле паметни часовници, а првата ноќ се разбудиле природно без аларм, додека втората вечер им било кажано да го вклучат алармот по пет часа сон. Резултатите покажале дека оние кои биле разбудени со аларм имале 74 отсто поголем крвен притисок во споредба со оние кои се разбудиле без аларм. Ова сугерира дека присилното будење, особено по краток сон, може да резултира со зголемување на крвниот притисок.






Потребни се дополнителни истражувања
И покрај малата разлика од 2,38 mmHg, Ким ја нагласува важноста на ова откритие и потребата за понатамошни истражувања кај поголемите популации. Студијата, исто така, поттикнала размислување за влијанието на стресот врз крвниот притисок во контекст на спиењето.

Зголемувањето на крвниот притисок може да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар со тоа што ќе ги оштети артериите и ќе ја намали нивната флексибилност. Ким забележува дека возрасните со веќе постоечки кардиоваскуларни болести може да доживеат поголеми негативни ефекти од утринскиот скок на крвниот притисок.

Следниот чекор во истражувањето вклучува анализа на поголем примерок од учесници за подобро разбирање на ефектите од присилното будење врз телото. Иако ова истражување сугерира врска помеѓу крвниот притисок и будноста, важно е да се нагласи дека студијата била пилот студија и дека е потребно дополнително, подетално тестирање.

Поврзани содржини